Без ниту еден загубен гем најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стигна до четвртфиналето откако за 53 минути игра го совлада Хрватот Ален Бил со 2-0 во сетови (6-0, 6-0). Тој утре за противник ќе го има Мирза Башиќ од БиХ, кој со 2-1 во сетови денеска го победи Петр Нестеров од Бугарија.
За Ивановски денешниот меч беше еден вид тренинг особено што мечот траше помалку од еден час. За доминацијата на Калин најдобро зборува податокот што скорот на освоени поени беше 52:20, со искористеност на брејк топки 6/9, додека Бил немаше ниту една брејк топка во мечот.
За Хрватот Бил ова беше прв поен во кариерата.
Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на фјучрсот Скопје 25 откако денеска во второто коло загуби од Ерги Киркин од Турција (5.носител) со 2-0 во сетови (6-1, 6-3) за 1 час и 44 минути игра. За пласманот во второто коло Србљак се избори и за еден АТП поен.