Каспер Кисум останува во Битола!

243

Данскиот ракометар, Каспер Кисум, продолжува со Е. Пелистер. Тој како што предмалку објавија од редовите на нашиот шампион го продолжил договорот на уште една година, до јуни 2024 и тоа значи дека Е. Пелистер со него ќе игра во Лигата на Шампионите оваа недела.

Во целост ви го пренесуваме известувањето на Е. Пелистер.
“Ни причинува особено задоволство што уште еден член на шампионската генерација на РК Еурофарм Пелистер се одлучи за го продолжи своето спортско патување со нас. Данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжи договорот со нашиот клуб за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија. 30-годишниот Кисум на почетокот од годината пристигна во Битола и даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната., посебно во натпреварите од плеј-офот на Суперлигата. Поранешниот ракометар на Сондејиске мина низ многу етапи во кариерата, играше и за Хановер Фленсбург во Бундеслигата и Тулуз во француското првенство, а сега ќе продолжи да тресе мрежи во Македонија. Кисум треба да биде додадена вредност на нашиот пат во Лигата на шампионите. Со нетрпение го очекуваме на почетокот на подготовките на 19 јули“.

ПретходноСилекс од Шкендија за Марјан Ристовски побарал отштета од 100.000 евра!!!
СледноГосподин: Новак го однел на вечера својот утрешен ривал Карлос Алкараз! (ФОТО)