Мануел Нојер во Хајдук!?

1568

Неверојатни вести доаѓаат од хрватските медиуми кои пишуваат дека легендарниот германски голман Мануел Нојер може да брани за Хајдук. Информацијата ексклузивно ја пренесува „24 сата“ кои тврдат дека директорот на Хајдук, Лукша Јакобушиќ во тајност преговара со еден од најдобрите голмани во последната деценија.

На Ноер идното лето му истекува договорот со баварскиот гигант и тука Хајдук ја чека својата шанса. Плус познато е дека односот на Нојер со Баерн е нарушен откако голманот без дозвола заминал на скијање и таму ја скршил ногата.

Нојер е постојан гостин на хрватското приморје, оваа година одмара во Далмација, а минатото лето пристигнал со велосипед. На еден излет доби и голмански дрес на Хајдук, а тој наводно им ветил на „локалците“ дека ќе дојде.

Мисијата делува невозможна, меѓутоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

ПретходноПо Роналдо, Бензема, Канте…сега С. Арабија го купува и најдобриот судија во светот!
СледноПо одличната сезона, Марио Крстовски си оди од Слога Добој!