Мухова преку Сабаленка до пласман во финалето на Ролан Гарос!

99

Супер интересно полуфинале и триумф на тенисерката која беше аутсајдер. Каролина Мухова од Чешка попладнево со 2:1 успеа да ја победи Арина Сабаленка од Белорусија и со тоа да оствари пласман во големото финале на Ролан Гарос.

Во првиот сет се играше тајбрејк и тој и припадна на Мухова со 7:5, Во вториот исто се играше тајбрејк, но сега Сабаленка беше подобра со 7:5 и со тоа успеа да израмни на 1:1 во сетови.

Во третиот, решавачкиот, Мухова беше подобра и го доби со 7:5 во гемови за голема радост.

Во второто полуфинале се среќаваат Швојнтек и Хадад Маиа, големото финале е закажано за во сабота.

ПретходноРед Бул Лајпциг отвори преговори за напаѓачот на Манчестер Јунајтед
СледноУрнебесно: Еве како тренерот на Вест Хем лудуваше во соблекувалната! (ВИДЕО)