Големата НБА звезда Зион Вилиамсон се најде во центарот на вниманието на јавноста во САД но во негативна конотација. Тој пред само неколку дена преку социјалните мрежи објави дека неговата девојка Акима е трудна и дека очекуваат дете.
Сепак, идиличната ситуација во семејството Вилиамсон ја расипа извесната порно звезда, Мориа Милс која на Твитер објави порака во која стои дека таа и Зион периодов редовно имале сексуални односи.
„Надевај се и моли се дека не сум трудна затоа што „ми доцни“. Бевме заедно минатата недела во Њу Орлеанс и можеше да ми кажеш дека девојка ти е трудна, по се што направив за тебе. Ти дозволив да имаме секс без заштита, а ти ова ми го правиш? Си го доведуваш животот во опасност затоа што спиеш со толку жени без заштита“ – напиша Милс.
Вилиамсон своевремено беше прв пик на драфтот и имаше сто милионски договор со брендот Најк уште во средно школо но очигледно дека повредите, килажата и глупавите потези и тоа како му ја минираат ветувалката кариера.
Zion Williamson in trouble after his baby announcement 😭😭😭 pic.twitter.com/wfCu7CBbjp
— Legion Hoops (@LegionHoops) June 7, 2023