Нов инцидент на младиот Италијанец: Избркан од тимот затоа што немал желба да игра на ЕП

2838

Кариерата на младиот италијански напаѓач Моис Кин не се движи во нагорна линија, што поради неговото однесување што поради лоша форма. Фудбалерот на Јувентус е отстранет од тренинг кампот на репрезентацијата на Италија и нема да игра на ЕП У21 што ќе се одржи меѓу јуни и јули во Романија и Грузија.
Првично се зборуваше дека се работи за повреда, меѓутоа не е тоа. „Тутоспорт“ открива дека Кин не бил заинтересиран да игра на евро шампионатот па му било кажано да си оди дома.
Ова не е прв пат Кин да прави неволји во националниот тим. Тој и претходно во У21 бил предмет на дисциплинската комисија исто како и во У19 тимот.
„Ќе беше покорисно да покажеше желба, мотивација за да биде меѓу 23. фудбалери за ЕП. Само играчи кои се спремни да го остават срцето на терен ќе останат“, изјави селекторот Паоло Николато.
„Тутоспорт“ открива дека попладнето имало и конфронтација меѓу тренерите и напаѓачот по што била донесена конечна одлука тој да го напушти тимот.

ПретходноПромоција на Бензема во Ал Итихад како на филм (видео)
СледноХари Кејн им кажал на своите соиграчи од Тотенхем дека ќе се пресели во Реал Мадрид!