Од Шахтјор се заканија: Ќе го тужиме Тотенхем ако Саломон отиде на „Вајт Харт Лејн“

1225

Извршниот директор на Шахтјор Доњецк, Сергеј Палкин е спремен да оди на суд доколку не добие компензација за фудбалерот Манор Соломон. Тотенхем е заинтересиран за крилниот фудбалер па ова лето може да се пресели како слободен играч.

Соломон минатата сезона ја помина во Фулам како позајмен откако му беше дозволено да го поништи договорот со Шахтјор. На странците им беше дозволено да ги сменат клубовите поради ситуацијата во Украина, а Соломон беше еден од оние кои ја искористија ситуацијата.

Неодамна ФИФА соопшти дека тоа решение ќе го продолжи до летото 2024 година, а тоа ги погоди украинските клубови кои имаат странци во своите редови. Од Шахтор може да изгубат околу 80 милиони евра на трансфери на играчи меѓу кои и Соломон.

Зборував со Соломон и неговиот агент и го поканив да се врати во нашиот клуб. Му кажав дека ќе ги игра сите мечеви во ЛШ, ќе биде во стартниот тим. Меѓутоа тој не сака да се врати и мислам дека ќе остане во Англија. На крајот му рековме во случај да отиде во Тотенхем тогаш ќе одиме на суд со лондонскиот клуб. Ќе бараме отштета.

Замислете го ова, плативме многу пари за овој фудбалер и на крајот Тотенхем ќе го добие без пари. Тоа не е фер. Дефинитивно ќе покренеме судска постапка ако се случи трансферот“, вели Палкин.

Сакам да испратам порака на сите клубови кои сакаат да потпишат со наши играчи без да платат обесштетување. Шахтјор ќе се бори преку судовите“, додаде директорот на клубот од Доњецк.

ПретходноХари Кејн им кажал на своите соиграчи од Тотенхем дека ќе се пресели во Реал Мадрид!
СледноБарселона сака да го објави трансферот на Гундоан по финалето во ЛШ