Уругвај по десет години ќе игра во финалето на Мундијалито

140

Репрезентацијата на Уругвај ќе игра на У20 Светското фудбалско првенство што се одржува во Аргентина. Уругвај по 2013 година повторно е во финале, а ќе го брка првиот трофеј светски првак.
Уругвајците во полуфиналето го совладаа Израел со 1:0 со гол на играчот за врска Андерсон Дуарте во 61 минута.
Во финалето Уругвај ќе игра со подобриот од другиот полуфинален меч меѓу Италија и Јужна Кореја.
Инаку финалето е закажано на 11 јуни на стадионот „Унико Диего Армандо Марадона“ во Ла Плата.

ПретходноЛудило во Индонезија: За мечот со Аргентина за 5 минути продадени 77.000 билети!
СледноПромоција на Бензема во Ал Итихад како на филм (видео)