Се чини дека по Џад Белингем, Реал Мадрид е на добар пат да ангажира ова лето уште една англиска супер – ѕвезда, а тоа е Хари Кејн.
Познато е дека за услугите на капитенот на Тотенхем се заинтересирани речиси сите најголеми клубови во Европа, а посебно во Премиерлигата, но “спарси“ не сакаат да ги засилат своите домашни конкуренти. Па така ако веќе мора да го пуштат тогаш тоа ќе биде некаде надвор од Островот.
И кога е така, тогаш јасно е дека Реал Мадрид поради својата големина и атрактивност, има најголеми шанси.
Веќе има почетни преговори, а дека трансферот е блиску до остварување доказ е тоа што Кејн веќе ги информирал своите соиграчи од Тотенхем дека во многу брзо ќе се пресели во Мадрид.