Швјонтек против Мухова во финалето на Ролан Гарос

105

Ига Швјонтек против Каролина Мухова е финалето во женскиот дел од престижниот Грен слем турнир Ролан Гарос. Мохова која е 42 тенисерка на светската ранг листа ја совлада една од фаворитките Арина Сабаленка со 2:1 во сетови.

А двојната освојувачка на трофејот на Ролан Гарос од 2020 и 2022 година повторно е во финалето на францускиот Опен. Таа ја совлада Беатриз Хадад Маја од Бразил со 2:0 во сетови 6:2 и 7:6.

Финалето во женска конкуренција е во сабота.

ПретходноПо одличната сезона, Марио Крстовски си оди од Слога Добој!
СледноШкендија потпиша професионални договори со двајца талентирани фудбалери