Тетовска Шкендија потпиша професионални договори со двајца талентирани фудбалери од својата школа. Се работи за Лорик Јакупи и Амир Нухија кои ставија потпис на своите први профи-договори и се обврзаа на двегодишна соработка.
Јакупи има 17 години и е крилен напаѓач и е У18 репрезентативец на Македонија. И Нухија е член на У18 репрезентацијата на Македонија и е играч од средниот ред.