Анчелоти: Стадионот стана непријателско место!

692

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оваа сезона не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Во полуфиналето неговиот тим беше елиминиран од Манчестер Сити. Реал остана и без титулата која и припадна на Барселона, па ќе мора да се задоволи со трофејот во Купот на кралот. Анчелоти на крајот на сезоната даде интервју за италијанскиот „Il Giornale“ во кое зборуваше на различни теми.

Употребата на ВАР во фудбалот
„Технологијата треба да ја олесни играта со тоа што ќе се користи само за офсајд и проверка на голови, што, патем, се уште не е имплементирано во Шпанија. Всушност, направи сериозен преседан на натпреварот Еспањол – Атлетико, со фантомски гол. што го исфрли Еспањол.

ВАР му ја одзеде моќта на судијата, носејќи одлуки кои не одговараат на духот и реалноста на играта. Нема објективност, само лични одлуки. ВАР се злоупотребува, всушност е прекумерно искористен. Треба да се вклучат поранешни фудбалери и тренери кои подобро ја знаат играта“.

Преоптоварување на играчот
“Мојот тим ја завршува сезоната со 73 натпревари. Од 30 декември до 12 март игравме нон-стоп, освен една недела. Вака не може да продолжи. УЕФА започнува нова Лига на шампиони со повеќе тимови, ФИФА го започнува Светското првенство со повеќе нации, лигите го промовираат финалето на националниот супер куп со четири екипи. Или мора да се договорат меѓу себе или здравјето на играчите ќе биде загрозено“.

Кој е најголемиот проблем во фудбалот?
„Расизам. Се разбира. Не можам да прифатам дека стадионот стана непријателско место, не можам да ја прифатам оваа клима на омраза поради бојата на кожата, поради религијата, поради етничката припадност на играчите или тренерите. Во сите четири години поминав во Англија, не се сеќавам на никакви лични навреди. Да, свирежи, но никогаш личен напад. Против омразата мора да се бориме, тоа ќе биде долг процес“.

Дали натпреварите треба да се прекинат поради расистички скандирања?
„Тоа би можело да биде решение, но се додека нема санкции… Има судија на теренот кој може и треба да интервенира. Овде во Шпанија, нешто се помести по случајот Винициус, но бев обвинет дека ја критикував цела публика на Местаља. Се извинив, но случајот е сè уште отворен“.

ПретходноБарселона со став за Лионел Меси и неговата одлука!
СледноСилна конкуренција кај младинците, Василев го објави поширокиот список!