Вардар 1961 продолжува со подмладување на составот со странски играчи!

1724

Вардар 1961 се очекува да го промовира второто засилување за новата сезона. Раководството на клубот повторно се одлучи за млад странски играч, станува збор за младинскиот и кадетски репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело. 19-годишниот ракометар игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Викторија.

Мело е играч на Спортинг Лисабон, кој често пати одел на позајмица во друг клуб барајќи поголема минутажа. Тој е вториот ракометар кој доаѓа од странство и кој заедно со Стефан Петриќ ќе го делат местото на левата бековска позиција.

Вардар 1961 оваа сезона ја заврши на третото место на табелата, што значи дека ќе игра квалификации за пласман во групата фаза во Европската лига.

ПретходноКалин „експрес“, без загубен гем до четвртфинале!
СледноЦрногорецот Милјан Радовиќ на клупата на Воска Спорт!