Емерсон е првиот играч што освоил се што е можно од натпреварувањата на УЕФА

240

Со синоќешниот триумф на тимот на Вест Хем во Конференцијската лига односно по победата над Фиорентина од 2:1 во големото финале еден играч комплетираше посебен успех кој ретко кој во догледно време ќе го повтори.

Итаијанскиот репрезентативец во дресот на Вест Хем, Емерсон дојде до титулата со кој ги комплетираше сите трофеји кои се во организација на УЕФА.

Имено, левиот бек роден во Бразил, во 2018 година беше под договор со Челзи, па ја освои Лигата на Европа. Две години подоцна ги освои Лигата на Шампионите односно Супер купот со истиот клуб.

Во 2021 година со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство, а еве синоќа ја комплетираше таа низа со пехарот во Конференциската лига.

 

ПретходноИталијано: Загубивме две финалиња во кои игравме добро
СледноБејтулаи на пат за Тирана