И покрај тоа што досега одговорниот за трансфери во таборот на Милан, Паоло Малдини си замина од клубот, „Росонерите“ и натаму се во трка за доведување на репрезентативецот на САД, Кристијан Пулишиќ.
Милан планира летово да потроши околу 40 милиони евра за засилувања, но таа сума може да се зголеми доколку дел од моменталните играчи бидат продадени.
Па така, се отвара реална можност да биде доведен еден од играчите кои летово Челзи дефинитивно ги одстранува како дел од големата чистка на Стемфорд Бриџ.