Силекс од Шкендија за Марјан Ристовски побарал отштета од 100.000 евра!!!

3134

Како што велат нашите информации, пропаднал “сигурниот“ трансфер на Марјан Ристовски од Силекс во Шкендија. Имено она што “Спортмедиа“ успеа да го дознае, причината била во тоа што кратовци побарале астрономска отштета за наши услови и тоа во висина од 100.000 евра правдајќи се дека популарниот Швајц, кој важи за еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ, има уште една година договор со Силекс.

Шкендија секако дека ова барање, иако станува збор за нашиот најбогат клуб и клуб со најголем буџет во Македонија, не може да го исполни па така Ристовски и во наредната сезона ќе игра за Силекс, и дури следниот јуни кога ќе биде слободен играч ќе може да си оди било каде без отштета.

ПретходноМилан и натаму во обид да го доведе Пулишиќ
СледноКаспер Кисум останува во Битола!