Младинската македонска кошаркарска репрезентација ќе стартува со подготовките за Европското првенство Б Дивизија кое од 7. до 16. јили ќе се одржи во Скопје. Селекторот Никола Василев го објави поширокиот список на кандидати, кои ќе кандидираат за конечните 12. кои ќе го носат „црвено-жолтиот“ дрес на ова натпреварување.
Доста интересно е што оваа генерација има доста квалитетни имиња кои оваа сезона дел беа стандардни играчи во своите клубови. Лидер под обрачите треба да биде Теодор Симиќ, кој од сите има најголемо искуство. Сезоната која измина беше добра и за Амир Хот, Марин Петков, Андреј Митревски, Андреј Шошкиќ…Па амбициите на ЕП Б Дивизија треба да бидат поголеми, од само учество.
Согласно со плановите на стручниот штаб, во кој освен селекторот Никола Василев се уште и Нино Чачиќ и Миодраг Тодоровиќ, како асистенти, и Тони Богдановски, кој ќе се грижи за физичката подготовка на оваа наша селекција, во изминатите два дена кандидатите за место на Европското првенство ги минаа задолжителните лекарски прегледи.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Амар Хот – Феникс 2010
Марин Петков – Феникс 2010
Андреј Митревски – Феникс 2010
Карло Блажевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Филип Пандев – МЗТ Скопје Уни Банка
Виктор Стојковски – МЗТ Скопје Уни Банка
Димитар Иванов – Навико Академија ФМП
Никола Василевски – Навико Академија ФМП
Лука Димитриевски – Куманово 2009
Милош Јовановиќ – Куманово 2009
Андреј Шошкиќ – Работнички
Петар Бошалески – Работнички
Филип Наков – Водно Санс
Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
Тома Стојаноски – Гостивар
Христијан Настовски – Чаир 2030
Ненад Јовановиќ – Росето Баскет, Италија
Резарт Мемед – Сигал Приштина, Косово
Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ
СТРУЧЕН ШТАБ
Селектор: Никола Василев
Асистент тренер: Нино Чачиќ
Асистент тренер: Миодраг Тодоровиќ
Кондициски тренер: Трајче Богдановски