Црногорецот Милјан Радовиќ на клупата на Воска Спорт!

2177

Милјан Радовиќ (47), тренер од Црна Гора е најблиску до тоа да биде шеф на стручниот штаб на Воска Спорт, дебитантот во ПМФЛ за следната сезона. Дознаваме дека во изминатите неколку денови разговорите меѓу луѓето од охридскиот клуб и Радовиќ и тоа како се интензивирале и дека тој бил најблиску да биде стратег на Воска Спорт.

Инаку станува збор за тренер кој работел како стратег во Дечиќ, Сутјеска, Грбаљ, а има работено и во Индонезија шест месеци.

Инаку што се однесува до тренерското место во Воска, во изминатите денови се шпекулираше со имињата на Срѓан Захариевски, Ќатип Османи, Мирсад Јонуз, Александар Васоски, Јетон Беќири…но по се изгледа дека раководството на клубот ќе се одлучи за странско решение.

ПретходноВардар 1961 продолжува со подмладување на составот со странски играчи!
Следно„Ефектот Меси“: Цените на билетите за мечевите на Интер Мајами скокнаа до небо, “сезонските“ се распродадени!