Штета, иако одиграа навистина добро, имаа повеќе шанси, беа подобар тим од противникот, сепак кадетите на Академија Пандев на меѓународниот турнир „Куп на Пријатество“ во 1/4 финалето беа поразени од Борац Бања Лука (БиХ) со 0:1. Со тоа сонот за полуфиналето не се оствари за младите струмички фудбалери.
Победничкиот гол падна од пенал во 24.минута, а објективно струмичани требаше да добијат пенал во финишот на средбата.
Ова беше прв пораз на овој турнир во третиот меч, откако во двата претходни во групата “пандевци“ славеа победи против Војводина и Сараево.
Навистина штета.