„АС“: Реал Мадрид бара голман – на списокот е Столе Димитриевски!

1625

Украинскиот чувар на мрежата Андреј Лунин нема да биде во Реал Мадрид идната сезона. Тој е во сенка на Куртоа поради што решил да си замине, па кралскиот клуб е во потрага по негова замена. Според шпанскиот весник „АС“, Реал веќе забележал три голмани за меѓу стативите идната сезона.

Едниот е Давид Сориа од Хетафе, за кого, како што пишува „АС“, е прва и најверојатна опција. Другите опции се македонскиот голман Столе Димитриевски и голманот на Еспањол, Фернандо Пачеко.

За Столе кој има договор со Рајо Ваљекано до 2024 година би го чинел Реал помалку од сумата за која Реал би ја издвоил за Давид Сориа и која изнесува околу 12 милиони евра.

 ПОВЕЌЕ ОВДЕ

ПретходноФудбалерите на македонски четвртолигаш готвеа за бездомници (ФОТО)
СледноОдбојкарите ја почувствуваa „Спирудом“ пред утрешната пресметка со Белгија (ФОТО)