Трансферот на Илкај Гундоан од Манчестер Сити во Барселона ќе биде објавен веднаш по завршувањето на финалето на Лигата на шампионите. Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ утрово пишува дека целта на Барселона не е само да ја финализира операцијата, туку и официјално да го објави доаѓањето на германскиот репрезентативец откако в сабота ќе се осигра финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер.
За Гундоан тоа ќе биде затворање на сезоната на клупско ниво, бидејќи ќе може да ја прослави првата тројна круна за англиски тим, секако во случај „граѓаните“ да слават во финалето од најсилното европско натпреварување.
Германскиот играч ќе се приклучи на тимот на Чави следната недела. Гундоан нема да игра во понеделник на 12 јуни против Украина во Бремен, во првиот од трите пријателски натпревари пред почетокот на ФИФА неделата, но ќе му биде на располагање на Ханси Флик за мечот со Полска во Варшава во петок.