Екипата на Веспрем по две години е шампион на Унгарија откако во „мајсторка“ во финалната серија го совлада големиот ривал Пик Сегет со 31:27 на гостински терен. Со тоа Веспрем по 27. пат е шампион на својата земја.
И не само тоа туку оваа екипа го освои и Купот што значи дека оваа сезона заокружи и двојна круна.
Вечерва бранителот на титулата Пик Сегет имаше предност од 14:12 на полувреме, добро тргна и во вториот дел, поведе и со четири гола разлиа, но потоа Веспрем се врати и со серија од 8:3 го презеде водството и понатаму имаше контрола на ситуацијата па на крајот победија.