Еуро Никел следната сезона ќе има ново тренерско име. Раководството на кавадаречкиот клуб и Горан Самараџиев одлучија да не ја продолжат сорабитката. Договорот на младиот стратег истече на крајот на сезоната, по што е одлучено секој да тргне по свој пат.
Раководството на кавадаречкиот клуб преку соопштение потврди дека спогодбено се разделува со стратегот кој најголемиот успех го имаше во 2021 година кога со Еуро Никел играше во финалето.
Поранешниот македонски репрезентативец на чело на тимот застана во 2019 година и одлично го водеше Еуро Никел според буџетот со кој располагаше. Претходно својата тренерска кариера ја почна токму во овој тим, но ја имаше улогата на асистент во стручниот штаб.