Новиот македонски прволигаш Гостивар се пофали со неколку нови играчи.
Средниот ред е засилен со играчот од Босна и Херцеговина, Мустафа Мујезиновиќ. Тој доаѓа од редовите на Шкендија.
Тука е и српскиот крилен напаѓач Зехрудин Мехмедовиќ. Се работи за српски интернационалец кој доаѓа од Сингапур, а претходно играл за Рад од Белград, Чукарички и Младост од Лучани.
Нов играч е и напаѓачот Пепи Ѓорѓиев кој дојде од Шкупи. Ѓорѓиев е искусен играч кој пред Шкупи играше за Академија Пандев, Брегалница, Силекс, Беласица и албанска Теута.
Клубот соопшти дека ги продолжил договорите со Реџан Абази, Емран Рамадани, Бујар Абази, Андреј Кировски, Фисник Зука, Амир Јашар, Ринор Ајдини, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Рушту Јонус, Стојан Стојчевски, Ѓорѓи Танушев, Енис Дервиши
А претходно Гостивар се раздели со Антонио Каланоски, Симеон Христов, Гордијан Христовски, Дарко Стојанов, Вилдан Керим и Сухејб Рушити .