Пред да заврши сезоната во Премиер лигата, Ливерпул пречкрта четворица фудбалери, а едниот од нив веќе пронајде клуб. Играчот за врска од Гвинеја Наби Кеита се пресели во Вердер од Бремен со кој потпиша договор до летото 2026 година, со плата од 1,5 милиони евра по сезона плус бонуси.
Тој дојде како слободен фудбалер откако му истече договорот со Ливерпул.
„Црвените“ не го продолжија договорот со Африканецот. Тој е едно од најголемите разочарувања на „Енфилд“ во ерата на Јирген Клоп затоа што дојде од Лајпциг за 60 милиони евра, меѓутоа никогаш не ги оправда очекувањата ниту се наметна како стандарден првотимец.
Точно дека впиша 129 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, но речиси половина влегуваше од клупата, а само 19 натпревари ги одиграл од почеток до крај.
Извесен период беше и повреден, а потоа се мачеше да ја поврати формата.
Според платената сума тој во моментов е четвртиот најскап трансфер на Ливерпул.