Ефес го исфрли Фенербахче и влезе во финалето на турската Суперлига, инцидент на крајот

1058

Анадолу Ефес се пласира во финалето на турската Суперлига откако во полуфиналето го елиминира Фенербахче со вкупни 3:1 во серијата. Во четвртиот меч Ефес славеше со 87:78 и со тоа му се реваншираше на противникот за ланскиот пораз во финалето.

Ефес го имаше расположениот Васа Мициќ кој постигна 27 поени, а одличен беше и Илајџа Брајант со 25 поени. Лак Фенер, Скот Вилбекин постигна 18 поени.

По мечот се случи инцидент кога двајца директори на Фенербахче бесни по елиминацијата му се нафрлија на тренерот на Ефес, Ергин Атаман. Настана мешаница па интервенираше и обезбедувањето.

Во финалето Ефес ќе игра со подобриот од Пинар Каршијака и Турк Телеком.

ПретходноИнзаги: Против Сити ќе треба да трчаме и ќе треба да играме со срце и памет
СледноГвардиола: Го гледавме Интер и знаеме со кого имаме работа