Женската клупска одбојка се враќа во Европа: Работнички ќе игра во ЦЕВ Челинџ Купот

567

По подолга пауза, македонската женска клупска одбојка се враќа на европската сцена. Актуелниот освојувач на двојната круна, Работнички, и официјално се пријави за настап во ЦЕВ Челинц Купот во женска конкуренција, каде минатата сезона титулата ја освои италијанскиот клуб Киери.

„Сите во клубот сме согласни дека овие девојчиња заслужуваат да ја почувствуваат и европската сцена. Затоа и се одлучивме да се пријавиме во Челинџ купот. Немаме искуство, па затоа беше најдобро да не се залетуваме со учество во Лигата на шампионите. Да одиме чекор по чекор. Ќе го задржиме костурот на тимот и со наши домашни сили ќе се преставиме на европската сцена. Дај боже да успееме да одиграме повеќе од едно коло и да одиме скалило по скалило како што тоа му доликува на клуб со реномето на Работнички“, вели спортскиот директор на шампионките, Андријана Зафировска.

Пред неколку дена и шампионите во машка конкуренција, Струмица Никоб го пријавија своето учество во Лигата на шампионите на ЦЕВ веќе втора година по ред.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА ГО ДОБИ СЕРТФИКАТОТ ОД ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЛОТАРИИ ЗА ОДГОВОРНО ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА
СледноМазрекај на “радарот“ на Струга ТЛ!