Мазрекај на “радарот“ на Струга ТЛ!

753

Ментор Мазрекај, искусниот офанзинвен играч за врска од Косово, би можел да биде едно од најголемите засилувања во таборот на нашиот шампион, тимот на Струга Трим Лум. За негов ангажман се заложил и стратегот Шпетим Дуро, кој во неколку наврати му бил тренер на искусниот Мазрекај.

Инаку Мазрекај досега во својата кариера, покрај во Лаци, каде му е последен клуб, играл и за екипите на Приштина, Партизани, Феризај, Лапи…

Што се однесува до Струга ТЛ, како што дознаваме, клубот нема намера да експериментира со ангажман на повеќе нови игралчи. Интенција е да се задржи “костурот“ на шампионскиот тим и да се доведат 3-4 квалитетни фудбалери кои уште повеќе би го подигнале квалитетот на Струга ТЛ.

ПретходноЖенската клупска одбојка се враќа во Европа: Работнички ќе игра во ЦЕВ Челинџ Купот
СледноНилтон Мело: Вардар не се одбива!