Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако го совлада Карлос Аклараз со 1-3. Шпанскиот тенисер на почетокот на третиот сет поради болка во ногата мораше да земе медицински тајм-аут, болките беа големи, но и покрај тоа одлучи да го доигра дуелот.
Never doubt Novak 💪🇷🇸@DjokerNole gets the better of Alcaraz 6-3, 5-7, 6-1, 6-1 to reach a 34th Grand Slam final.#RolandGarros pic.twitter.com/fefJZKKMxn
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 9, 2023
Ноле после мечот откри што му порачал на младиот тенисер на мрежата.
Во првиот сет Новак одигра на многу високо ниво, а таквиот силен интензитет на игра можеби влијаеше на повредата на Алкараз.
„Не е лесно да се одржи таков интензитет. Првиот сет и пол го одиграв многу добро, морав да играм агресивно, рано да ја фатам топката, бидејќи ако не го направев тоа, тогаш тој ќе го направеше тоа. Горд сум што повторно стигнав до уште едно финале и многу сум среќен“, изјави Новак.
Останува уште финалето, а таму ривал ќе му биде Александар Зверев или Каспер Руд.
„Се уште не е готово, останува уште еден натпревар за таа 23-та титула. Го живеам сонот, што друго да кажам. Сонот е уште еднаш да играм во финалето на Ролан Гарос и да ја покажам мојата најдобра игра. Се надевам дека повторно ќе го освојам овој турнир“, заклучи Ѓоковиќ.
Respect for the man across the net 🫶#RolandGarros pic.twitter.com/tNuYEG3Idv
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 9, 2023