Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Шарлоa го имаше првиот тренинг во салата „Спирудом“ во пресрет на утрешнот меч од 4. коло на Европската Златна лига 2023. Избраниците на селекторот Миленкоски имаа можност да ја почувствуваат арената, каде утре од 18 часот по вторпат ќе се сретнат со Белгијците во рамките на групата „Б“.