РК Прилеп денеска се пофали на своите социјални мрежи дека има ново име во своите редови, а тоа е Никола Цветаноски, еден од најдобрите стрелци во Суперлигата. Станува збор за лев бек кој потпиша двегодишен договор со суперлигашот.
Инаку Цветаноски досега во својата кариера има играно и за екипите на Струга, Вардар јуниор и Голден Арт.
Инаку интенција на прилепчани е да се создаде што подобар тим за наредната сезона и РК Прилеп да има поголема улога во домашниот шампионат.