РК Алкалоид се огласи по повод случувањата во Унгарија!

3613

РК Алкалоид се огласи со соопштение по повод случувањата за време на меѓународниот турнир во Унгарија, на кој се случил инцидент. Еден од родителите го пријави во полиција тренерот, Влатко Котески поради физички напад на едно од децата кое било со тимот во Сегед.

Котески е суспендира на три месеци, ова е привремена мерка, и истата ќе трае во зависност од добиените резултати од истрагата е во тек.

Од Алкалоид во своето соопштение потенцираат дека во согласност со клупската култура и со спортскиот дух, со помош на правилна организација и стручна работа, ќе продолжат во остварување на својата визија и мисија да овозможи квалитетен и напреден тренажен процес за развивање и за градење врвни ракометари во македонскиот ракомет.

„АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ информира дека клубот, во согласност со своите внатрешни акти, ќе  спроведе детално разгледување на случајот за инцидентот што се случил за време на ракометниот турнир во Сегед, Унгарија, во периодот од 1 до 4 јуни.

Врз основа на Статутот на клубот и дисциплинскиот правилник на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ, донесена е одлука Суспензија/Забрана за вршење на функција Помошник тренер во временски период од 3 (три) месеци на лицето Влатко Котески. Суспензијата, како привремена мерка, е изречена поради постоење на сомневање дека во наведениот период на меѓународен турнир одржан во Унгарија е сторен дисциплински престап од страна на Помошникот тренер Влатко Котески, со што директно е нарушен угледот на Клубот. Изречената Суспензија може да се прекине и пред завршување на периодот од 3 (три) месеци за кој е изречена, доколку се донесе правосилна Одлука по спроведена Дисциплинска постапка во рамки на Клубот или се донесе Одлука од надлежен државен орган со која е одлучено за поведението на Помошникот тренер, а во кое поведение се опфатени и елементите на предметниот дисциплински престап.

Правилната работа, дефинираниот систем на функционирање, како и интегритетот и кредибилитетот во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб. Клубот посветува големо внимание на работата со младите категории на ракометари, како и на воспитувањето и на грижата за правилен развој и за градење здрави спортски личности.

Во согласност со клупската култура и со спортскиот дух, со помош на правилна организација и стручна работа, АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ ќе продолжи во остварување на својата визија и мисија да овозможи квалитетен и напреден тренажен процес за развивање и за градење врвни ракометари во македонскиот ракомет“, се вели во соопштението на клубот.

ПретходноОфицијално: Реал Мадрид го врати своето дете! (ФОТО)
СледноФановите на Јуве во шок: Алегри „пречкрта“ уште една ѕвезда!