Полуфиналето меѓу Новак Ѓоковиќ, двократен шампион кој брка историја со рекорден 23. Грен слем трофеј и Карлос Алкараз, тенисер број еден во светот и главен фаворит за освојување на вториот Грен Слем турнир сезонава, денеска ќе биде во фокусот на сите светски спортски случувања. Според најавата двајцата тенисери ќе се појават на централниот тренер во Париз 15-тина минути пред 15 часот, за кога формално е најавен стартот на првиот полуфинален меч од денешната програма на машкиот турнир.
По подолго време, Новак Ѓоковиќ на еден меч влегува како делумен аутсајдер, со оглед на тоа што 20-годишниот Шпанец е бр. 1 и според многумина шансите за победа се на негова страна. Сепак, останува да почекаме да видиме каква ќе биде директната пресметка на теренот, со оглед на тоа што и двајцата покажаа многу во претходните десет дена во Париз. Двајцата загубија само по еден сет досега, Новак во четвртфиналето против Карен Хачанов, а Карлос во второто коло против Тар Даниел.
Импресивните бројки велат дека ова ќе биде 45-то полуфинале на Новак на Грен слем турнир. Во кариерата на оваа фаза беше запрен само во 11 наврати, најмногу токму на Ролан Гарос, вкупно петпати. Од друга страна, ова ќе биде само вторпат за Алкараз да се најде меѓу четирите најдобри играчи. Единствениот пат кога стигна толку далеку беше на УС Опен минатата сезона, кој потоа и го освои.
Новак и Карлос лани го одиграа единствениот меч во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, кој младиот Шпанец на крајот го доби со 2:1. Тој дуел траеше повеќе од три и пол часа и беше решен во тај-брејкот од решавачкиот сет.
Победникот од овојдуел во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Александар Зверев и Каспер Руд, кој започнува веднаш по мечот меѓу Србинот и Шпанецот.