Нашите најдобри фудбалери, во некомоплетен состав, веќе неколку дена заедно со селекторот Благоја Милевски, вредно и напорно тренираат и се подготвуваат за претстојниот квалификациски циклус за ЕВРО 2024, за мечевите со Украина и Англија.
Да потсетиме, на 16 јуни играме дома со Украина, а три дена подоцна и гостуваме на Англија во натпревар кој се игра на “Олд Трафорд“.
За утре во 16 часот е закажан собирот со што и официјално ќе стартуваат подготовките. Се очекува доаѓање на Илија Несторовски, Енис Барди…, Елиф Елмас веќе одработи еден тренинг, а последни на своите репрезентативни колеги ќе им се придружат Езџјан Алиоски, Аријан Адеми и Дени Илиев. Нивното доаѓање се очекува во понеделник.