Во срцето на Далмација, во Шибеник од 4 до 7 јули годинава, се одржа 11 Конгрес за Европската асоцијација на лотарии. Оваа асоцијација е најголемата и најрепрезентативна организација во областа на игрите на среќа која ги обединува лотариите од Европа. Европската асоцијација на лотарии покрај тоа што ги штити интересите на националните лотарии, во фокусот на своето внимание ја става и заштитата на играчите и одговорното приредување на игрите на среќа.
Конгресот кој годинава беше посетен од бројни светски лидери во индустријата на игрите на среќа, беше насловен „Looking Forward“. Целта на овој тематски собир беше да се дебатира за иднината во индустријата на игри на среќа, како и барањата за одржлив развој како резултат на новите технологии. Домаќин на овој важен конгрес беше Хрватската лотарија која успеа да собере повеќе од 500 гости.
Државна видеолотарија во рамките на овој конгрес и официјално го доби највисокиот сертификат во областа на одговорното приредување на игри на среќа, како компанија која долгорочно е насочена кон одржливо создавање и кофинансирање на спортски, образовни, културни и други програми со цел општествено придонесување, како и едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно