Европските гиганти во јули на претсезонски турнир на шампионите во САД

215

Само два дена по разврската на сагата околу трансферот на Меси во САД во дресот на Интер Мајами, од северно-американското копно доаѓа уште една одлина вест за фудбалските фанови од овој дел на светот: Европските гиганти Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Јувентус, Милан и Манчестер Јунајтед летово ќе учествуваат на еден од најголемите и најсилните подготвителни турнири во пресрет на новата сезона.

Летово САД ќе бидат домаќини на некои од најголемите фудбалски турнири во предсезоната, а на 22 јули на стадионот „НРГ“ во Хјустон ќе започне „Турнејата на шампионите“ кој ќе ги собере европските гиганти на едно место. Во  воведниот натпревар на турнирот, Барселона ќе се сретне со Јувентус. Во рамките на турнирот кој ќе се одржи од крајот на јули до почетокот на август во неколку држави одеднаш – Калифорнија, Тексас, Невада и Флорида, не чекаат големи пресметки на најдобрите.

ПретходноКалин се пласираше во полуфиналето на турнирот во Скопје!
СледноСамо во Аргентина: Ривер дава гол а “Монументал“ буквално се тресе! (ВИДЕО)