Нилтон Мело, португалскиот ракометар е едно од изненадувањата во преодниот рок кога станува збор за нашите клубови, пред се за РК Вардар 1961.
Тинејџерот кој има само има само 19 години и игра на местото лев бек, за медиумите во Португалија покрај другото кажа дека бил изненаден што еден таков клуб како што е Вардар се заинтересирал за него.
“Барав проект кој би бил доволно професионален и во кој ќе ми овозможи да напредувам. Имав неколку понуди, но се одлучив за Вардар. Едноставно Вардар не се одбива. Инаку јас како тинејџер бев многу изненаден дека еден таков клуб како Вардар, со традиција и историја, се интересира за мене“ рече Мело.
Иаку вардарци во најскоро време ќе го промовираат своето засилување од Португалија.