Она што се најавуваше подолго време, од денеска е и официјално. Реал Мадрид предмалку на своите социјални мрежи објави дека се врати Фран Гарсиа (23), досегашниот соиграч на нашиот Столе Димитриевски од Рајо Валјекано.
Гарсиа е дете на “кралевите“, по одиграни две сезони покажа дека има квалитет за да биде член на Реал и затоа беше вратен.
Фран Гарсиа за Реал дебитираше како лев бек во 2018 година, но не доби адекватна шанса, па мораше преку заобиколен пат да докаже дека сепак има квалитет во него.
Се чека на промоцијата која е закажана за во понеделник. Инаку “кралевите“ на Рајо ќе треба да му платат отштета од 5 милиони евра.