Фановите на Јуве во шок: Алегри „пречкрта“ уште една ѕвезда!

2418

Навистина тешко е да се каже како тоа Јувентус, во поглед на играчкиот кадар, ќе изгледа за следната сезона. Клубот кој според малверзации постојано е казнуван, по се изгледа дека нема да ја види Европа наскоро, се чека на одлуката на УЕФА дали клубот од Торино би смеел да игра барем во Лигата на Конференции.

Инаку сите очекуваа дека тренерот Масимилијано Алегри ќе добие отказ, но напротив, од страна на челниците на Јуве беше кажано дека Макс останува што наиде на разочарување кај фановите и пред се играчите.

Инаку како што јавуваат медиумите во Италија, Алегри се одлучил да “пречкрта“ уште една ѕвезда, да не смета за наредната сезона на Енрико Кијеза, репрезентативниот напаѓач кој реално после повредата на покажа ништо.

По оваа одлука фановите на Јуве се во шок, некои како Ди Марија си заминаа, се споменува тука и Влаховиќ.

Инаку најново е тоа што за Кијеза заинтересирани биле Ливерпул и Њукасл.

ПретходноРК Алкалоид се огласи по повод случувањата во Унгарија!
СледноДе Брујне: Не сметам дека Сити е голем фаворит против Интер