Ал-Итихад не запира: Уште една европска ѕвезда оди во С. Арабија

1236

Саудиски Ал-Итихад продолжува со жесток пристап на летниот трансфер пазар. Откако ги доведе Карим Бензема од Реал Мадрид и Н’Голо Канте од Челзи на кои им дадоа вкупно 900 милиони евра, Ал-Итихад започна преговори со уште една голема европска ѕвезда.

Станува збор за португалскиот ас Жоао Мутињо, кој во Саудиска Арабија ќе пристигне од редовите на англискиот Вулверхемптон.

Тренерот Нуно Еспирито Санто, кој го донесе Мутињо од Монако во Вулверхемптон во 2018 година, инсистира да го доведе играчот кој има 146 настапи за Португалија и тој многу го цени.

Мутињо, кој во септември ќе наполни 37 години, го напушти Вулверхемптон откако одигра 212 натпревари во претходните пет години и ќе му се приклучи на Ал-Итихад како слободен играч.

ПретходноПромоција: Шампионот се пофали со Ментор Мазрекај! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноИсторија: Конечно Сити и Пеп ја освоија Лигата на Шампионите, Родри го “тресеше“ Интер! (ВИДЕО)