Бањаја победник на спринтот на „Муџело“

92

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја триумфираше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Италија, шестиот круг од одинешниот шампионат. Возачот на Дукати дојде до третиот триумф во спринт сезонава на патеката „Муџело“, со нешто помалку од четири десетинки предност пред Марко Безеки.

На двајцата на подиумот им се придружи Хорхе Мартин со Прамак Дукати. Во битката за подиумот, Шпанецот го победи својот тимски колега Жоан Зарко.

Бањаја сега има 106 бодови на првата позиција, четири повеќе од Безеки, додека трет е Мартин со 87.

ПретходноОдбојкарките поразени во Тарту: Два добри сета против Естонките, сепак, недоволно за сет
СледноПоранешен кошаркар на МЗТ Скопје на листата на желби на Работнички!