Висар Муслиу: Фокусот прво е ставен на Украина, одиме на победа!

631

Македонија во овој јунски квалификациски циклус прво игра дома со Украина (16 јуни), а потоа и гостува на Англија во Манчестер (19 јуни).

Висар Муслиу е еден од нашите најдобри фудбалери, еден од нашите адути, посебно во дефанзивата:

Фокусот прво е ставен на Украина. Ние сме професионалци и треба да одиме од меч во меч. Игравме со нив на ЕП, но сега е некоја друга приказна. Нема сомневање дека одиме на победа посебно кога играме на свој терен. Кога ќе заврши мечот со Украина ќе мислиме на тоа што ни претстои со Англија“ рече покрај другото нашиот репрезентативен дефанзивец.

ПретходноСтефан Ашковски: Кога играш за Македонија заморот е во втор план!
СледноПолувреме: Голема битка во Истанбул, но нема голови, Сити остана без Де Брујне!