Манчестер Сити вечерва во Истанбул игра уште едно историско финале во Лигата на шампионите каде е голем фаворит на дуелот против Интер. Фудбалерите на „граѓаните“ ќе имаат голема мотивација бидејќи на трибините ќе има и еден специјален гостин.
Имено, сопственикот на Сити, Фудбал Груп, во чија сопственост е клубот, шеикот Мансур, допатува во жво да го глеа мечот во Истанбул. Интересно, ова ќе биде првпат Мансур да го гледа Манчестер Сити во живо од трибините по речиси 13 години.
Притисокот кон момците на Пеп никогаш не бил поголем, но нема сомнеж дека Сити ќе направи се за да ја освои првата европска титула во клупската историја.