„Нероаѕурите“ ја одбија првата понуда од Челзи за Онана

182

Интер добил понуда од Челзи за голманот Андре Онана, меѓутоа ја одбил. Неофицијално се работело за сума од 40 милиони евра кои „нероаѕурите“ не ги прифатиле.
Целиот фокус на клубот е насочен кон финалето на ЛШ, а после истото ќе се преговара за можноста првиот чувар на мрежата на миланскиот тим да отиде на „Стемфорд Бриџ“. Доколку трансферот биде реализиран тогаш Интер ќе тргне по голманот Ѓиљермо Викарио од Емполи.

ПретходноKoj на престолот во Европа? Интер и Манчестер Сити во борба за врвот!
СледноИ Алегри во С.Арабија? Му понудиле четири пати поголема плата