Екипата на Работнички во новата сезона треба да биде далеку посилна, но и играчки подобро организирана, и во делот на домашни кошаркари, и во делот на странски имиња.
Овие денови раководството на клубот се обидува да придобие неколку македонски играчи. Неофицијално се преговара со Андреј Маслинко, кој имаше добра сезона во Пелистер, а покрај ова во составот ќе останат Шошкиќ, Малешевиќ, Бакоч, Марковски…
СПОРТМЕДИА дознава дека на листата на желби кога станува збор за странските кошаркари е Андрија Бојиќ, поранешен член на МЗТ Скопје. Тој во два наврати играше за овој тим и има две шампионски титули и еден Куп трофеј со „сино-белите“. Бојиќ од 2022 година е член на српскиот клуб Спартак.