Од денеска и официјално стартуваа подготовките за претстојните дуели во квалификациите за ЕВРО 2024, протув Украина и Англија. Секако дека владее оптимизам во нашите редови, верба во себе и дека ќе се даде максиумот.
Стефан Ашковски за тоа што може да се очекува има свој коментар:
“Играме против две добри, две квалитетни селекции, тоа е шанси да видиме какви се нашите можности. Јасно е дека има замор со оглед на тоа дека само што заврши сезоната, но кога играш за Македонија тој замор е во втор план. Победивме на стартот, очекувам да продолжиме со добри резултати и на претстојните два меча“ изјави Ашковски.