Француската комбинација Саша Вајенбург и Антоан Оанг (2) се победници на фјучрсот во Скопје во конкуренција на двојки. Тие во финалето ги совладаа Јанаки Милев и Петр Нестеров од Бугарија со 2-0 во сетови (61/62) за 56 минути игра. Оваа двојка оваа година има и победа на фјучрсот во францускиот град Кретеј.
Француската комбинација во Скопје оствари четири победи, но најтешкиот меч го имаше во првото коло кога по 2 часа и 20 минути игра ги победија нашите тенисери Берк Бугариќ и Калин Ивановски.