Уште една победа и Денвер ќе ја освои шампионската титула во НБА лигата. Натегс го доби и вториот меч на Флорида, го совлада Мајами со 108:95 и поведе со 3:1 во серијата што значи дека им треба уште една победа и шампионски да ја завршат сезоната.
Пред крајот на првиот период Денвер се најде во неволја откако нивниот најдобар кошаркар Никола Јокиќ лошо доскокна и го повреди зглобот. Меѓутоа по краткото задржување во соблекувалната се врати и продолжи да игра.
Додека српскиот кошаркар се лекуваше, блесна Ерон Гордон кој во втората четвртина постигна 15 од своите 16 поени во првото полувреме. Јокиќ се врати и веднаш погоди тројка за предност од девет поени.
Нагетс ја контролираше играта и резултатот до крајот не дозволувајќи му на противникот да се приближи. И покрај тоа што Јокиќ во завршната четвртина доби пета лична грешка и мораше на клупа. Соиграчите добро го носеа тимот, преде се Мареј кој се разбуди и придонесе во победата со одлични асистенции за Гордон, Грин и Брус Браун.
Ерон Гордон со 29 поени беше најдобар на теренот кај Денвер, Мареј постигна 15 поени меѓутоа имаше 15 асистенции. Брус Браун постигна 21 поен, Јокиќ го заврши мечот со 23 поени и 12 скокови.
Србинот е првиот кошаркар во историјата на НБА плејофите со 250 скокови и повеќе од 150 асистенции.
Кај Мајами најефикасен беше Џими Батлер со 25 поени, а Адебајо постигна 20 поени и имаше 11 скокови.