Додека сите се со мислите кон финалето на ЛШ во Истанбул, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез го “стресе“ фудбалскиот свет со најава на најспектакуларниот трансфер.
И се разбира тоа е Килијан Мбапе.
Дон Флорентино денеска на едно прашање дали доаѓа Мбапе, тој одговори:
„Да, Мбапе доаѓа во Реал, но не оваа година“.
Се разбира дека “кралевите“ ќе го чекаат следниот јуни за да можат без отштета го ангажираат најспектакуларниот фудбалер моментов во светот.
Очигледно е дека сите проблеми кои настанаа по она што се случуваше лани меѓу Реал и Мбапе, се надминати, на задоволство на фановите на “кралевите“.
« Allez-vous signer Mbappé ? »
Florentino Perez : « Oui, mais pas cette année. » 👀
🎥 @soymadr7dismo pic.twitter.com/bnkHW23aOa
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 10, 2023