Јокиќ доби порака од Ролан Гарос!

1464

Србија по којзнае кој пат може да се пофали со своите најдобри спортисти, особено овие денови.

Додека Новак Ѓоковиќ се бори за рекордна 23. Грен слем титула, а истата би можел да ја добие веќе утре во финалето на Ролан Гарос против Каспер Руд, Никола Јокиќ моментално ја брка својата прва титула во НБА со својот Денвер Нагетс.

По вечерашниот триумф во Мајами (108:95) и водството од 3:1 во победи, Јокиќ воодушевено им откри на новинарите на прес-конференцијата дека добил порака за поддршка од Новак.

„Па, да, Новак ми пиша. Навистина ми пиша, не лажеше дека ќе ме контактира. Тој е неверојатен, тој пишува историја, тој е еден од најдобрите ако не и најдобар досега.

Има големи шанси да освои уште еден Грен слем. Да се има како амбасадор е огромна чест, ние во Србија сме среќни што го имаме“, рече Јокиќ.

ПретходноОфицијално: Захов уште две години во Шкендија, понудата на Скендербеу е одбиена!
Следно„Спартанците“ убедливо поразени од Белгија!